Top Sport

Американец ќе го облече дресот на Србија?

Кошаркарската репрезентација на Србија, минатата недела доби нов селектор. Челниците на националниот Сојуз му ја доверија репрезентацијата на Игор Кокошков, човекот кој ја предводеше Словенија до европската титула во 2017 година.

Наследникот на Александар Ѓорѓевиќ во едно интервју рекол дека сериозно размислува да го повика во репрезентацијата Френк Камински. 26 годишниот крилен центар на Финикс Санс имал српски корени.

На оваа тема се огласил и менаџерот на Камински, Кевин Бредбери.

„Тој е отворен за соработка. Но, се уште никој ништо не му кажал и никој не го контактирал. Засега само новинарите говорат на оваа тема. Додека не дојде до некаков разговор повеќе нема да коментираме ништо на оваа тема“, изјавил за „Телеграф“, Брендбери.

Scroll to Top