Баерн Минхен ја одбрани титулата во Бундеслигата со победа од 3:1 против Борусија Дортмунд во дербито на „Алијанц арена“. Баварскиот тим има недостижни 12 бода предност пред ривалот на три кола до крајот на шампионатот.
Серж Гнабри со одличен погодок го најави триумфот во 15.минута, а Роберт Левандовски во 34.минута зголеми на 2:0.
Емре Џан од пенал намали на почетокот на вториот дел, но Мусијала во 83.минута ги разреши сите дилеми околу новата титула за Баерн Минхен.