Top Sport

Баерн Минхен понуди 120 милиони евра за Хари Кејн

Германскиот првак Баерн Минхен испрати нова, четврта, понуда до Тотенхем за напаѓачот Хари Кејн, објави „Скај Спортс“. Баварскиот клуб сега нуди сума од 120 милиони евра.

Кејн му одреди рок на раководството на германскиот првак сѐ да заврши до петок.

Баерн Минхен е подготвен да го реализира трансферот најдоцна до утре.

Во сезоната 2022/23, тој забележа 49 настапи за Тотенхем, постигнувајќи 32 гола и пет асистенции.

Scroll to Top