Баерн Минхен ја комплетираше колекцијата на трофеи, откако европскиот шампион во Катар со 1:0 го совлада мексиканскиот шампион Тигрес со 1:0 со контроверзниот гол на Бенжамин Павар во второто полувреме.
Тигрес, кои претходно направија сензација елиминирајќи го бразилскиот шампион од Копа Либертадорес, Палмеирас, се покажаа како опасен противник кој не дозволува многу шанси. Во 18. минута, Јулијан Кимих постигна гол, кој ВАР системот го поништи, но во 59. минута, ВАР застана на страна на германскиот клуб, откако по ударот на Кимих, Роберт Левандовски се судри со голманот на Тигрес, Нахуел Гузман, а топката дојде кај Павар, кој ја заби во голот.
По долго разгледување на снимките, ВАР одлучи дека нема офсајд при првиот удар на Кимих, ниту пак фаул на Левандовски, и Баерн дојде до очекуваното водство.
Ова е вторпат Баерн да биде прогласен за светски клупски шампион по триумфот во 2013 година, а вкупно четврта „глобална“ титула ако се сметаат мечевите од Интерконтиненталниот куп, каде што победија во 1976 и 2001 година. Исто така, бидејќи титулата се смета за минатата сезона, ова е петти трофеј за Баварците – Бундеслига, ДФБ куп, ДФБ Суперкуп, Лига на шампиони и Светско клупско првенство.
Kimmich com espaço é um perigo. Já tinha feito o gol anulado e agora cruzou na cabeça de Lewandowski, sobrou pra Pavard abrir o placar
Bayern 1×0 Tigrespic.twitter.com/1EUMOCnldB
— Torcedor Informado (@TorcedorInform1) February 11, 2021