Германскиот шампион, Баерн Минхен, објави дека за нив преодниот рок е завршен.
Ова го потврди Макс Еберл, спортскиот директор на великанот од германската покраина, Баварија.
„Го завршивме преодниот рок со трансферите на Нене Браун од Ајнтрахт и Исмаел Саибари од ПСВ Ајндховен. Го направивме тоа многу брзо и со тоа го завршивме потпишувањето на играчи за ова лето“, рече Еберл.
Иако многу големи имиња се поврзуваа со Баерн, Еберл е јасен.
„Се смееме на тие приказни. Во нив нема вистина.“
Foto/ Depositphotos
