Фудбалерите на Баерн Минхен се вратија на челната позиција во Бундес лигата. Баварците, во дербито, со пресврт ја победија Борусија Дортмунд со 4:2. Дуелот го обележаа најдобрите стрелци на двата тима Роберт Левандовски и Ерлинг Халанд. Полјакот постигна три, а Норвежанецот два гола.
Борусија го шокираше Баерн на стартот од натпреварот. Халанд постигна два гола во првите девет минути. Норвежанецот погоди во втората и деветтата минута.
Баерн се вратија во натпреварот со голот на Левендовски во 27.минута, а потоа истиот играч во 42. од пенал го израмни резултатот.
Отпорот на противникот Баерн го скриши во самиот финиш. За водствот на Баварците погоди Леон Горецка во 88. минута, а конечните 4:2 во 90.минута ги постави Левандовски.
Баерн на врвот има 55 бода, два повеќе од Лајпциг, додека Дортмунд се на шесттото место со само 39 бода.