Баерн Минхен се подготвени да го прекршат сопственото правило за фудбалери над 30 години, на кои им даваат само едногодишни договори, за да осигураат Роберт Левандовски да остане на „Алијанц арената“, но само со скратена плата, тврди германскиот „Билд“.
33-годишниот Полјак има 23 гола во 19 меча во Бундеслигата оваа сезона, но има само уште една година од договорот со германскиот шампион, така што во клубот сакаат да ја решат ситуацијата што е можно побргу.
Според „Билд“, Баерн ќе направат исклучок, но ќе бараат да му се намали платата од 400.000 евра неделно, а доколку сака да ја заддржи платата ќе потпише договор на една година. Ако ги одбие двата предлози, тие ќе размислат и за продажба.