Top Sport

Турски бизнисмен го купи поранешниот премиерлигаш Хал

Турскиот бизнисмен Аџун Илиџали го комплетираше преземањето на англискиот второлигаш Хал сити, ставајќи крај на контроверзното 11-годишно владеење на семејството Алам во клубот од Јоркшир.

Под водство на претходните газди, клубот трипати испадна од лигата, но навивачите најмногу беа лути на двата неуспешни обиди да се смени името на клубот. Хал оваа сезона успеа да се врати во Чемпионшип, но формата им е променлива и се наоѓаат на само 4 поени од зоната за испаѓање.

52-годишниот Илиџали е сопственик на ТВ каналите „ТВ8“ и „ТВ8.5“, турската дигитална платформа „Ексен“, а има и продукциски компании во САД, Мексико, Романија, Унгарија, Бразил и Грција. Тој е основач на „Аџун медија“ групацијата, а својата кариера ја почнал како спортски новинар, пред да ја основа компанијата.

Scroll to Top