Top Sport

Баерн му се освети на Фрајбург, Борусија го победи Унион, драмата во Мајнц заврши без победник

Баерн Минхен му се реваншираше на Франјбург за елиминацијата во Купот. Во 27.коло, Баварците славеа во Фрајбург и ја задржаа предноста од два бода во однос на Борусија Дортмунд. „Милионерите“, во дербито го победија Унион Берлин. Најдраматичниот меч го одиграа Мајнц и Вердер.

Баерн со евро-голот на Де Лихт забележа минимална победа во Фрајбург и на некој начин успеа да се одмазди за елиминацијата од Купот.

Баерн има 58 бода, два повеќе од Борусија, која со 2:1 го победи Унион Берлин. Мален и Мукоку погодија за „милионерите“.

Поразите на Унион Берлин и Фрајбург може да ги искористи Лајпциг за да се врати меѓу првите четири екипи во Германија. Лајпциг подоцна ќе гостува кај Херта во Берлин.

Трилер завршница имаше мечот меѓу Мајнц и Вердер. Мајнц дојде до предност во 85.минута преку Ажорге. Две минути подцна израмни Стаге.

Драмата продолжи и во судиското надополнување на времето. Випер му донесе нова предност на Мајнц во 93., а две минути подоцна Филкруг.

Scroll to Top