Четири натпревари се одиграа попладнево во рамките на 30 коло во Бундеслигата. Баерн во Леверкузен ја продолжи победничката низа, Лајпциг не успеа да го победи „фенерџијата“ Падреброн, Мајнц победи во Фрнквурт, додека без победник заврши мечот помеѓу Фортуна и Хофенхајм.
Баер во Леверкузен го пречека лидерот Баерн во дербито на колото. Неизвесноста траеше 27 минути, односно до моментот кога Коман го израмни резултатот. Претходно фармацевтите поведоа со голот на Аларио до 10 минута. По голот на Коман до крајот на првиот дел целосен пресврт направија Горецка и Гнабри. Во вториот дел Левандовски постигна гол за 1:4, а поразот на Баер го ублажи Вирц во претпоследната минута.
Лајпциг не успеа да слави над последнопласираниот тим во лигата Падерброн. Стохдик ги шокираше „биковите“ во 92 минута од натпреварот. Во првиот дел Шик постигна гол за Лајпциг, а потоа во 43 минута домашниот тим остана со играч помалку поради исклучувањето на Упамекано.
Мајнц славеа на гостувањето во Франкфирт кај Ајнтрахт со 2:0. Стрелци на головите беа Нџакате и Малонг.
Хофенхајм освои бод во Диселдорф кај Фортуна иако од деветтата минута играше со играч помалку. Хенигс ги постигна двата гола за Фортуна додека за Хофенјахм стрелци беа Дабур и Зибер.