Top Sport

Баерн не платиле ниту евро за позајмицата на Кансело!

Спортскиот директор на Баерн Минхен, Хасан Салихамиџиќ потврди дека неговиот клуб не платил ништо на Манчестер сити за позајмицата на Жоао Кансело од Манчестер сити.

По изненадувачката одлука на Пеп Гвардиола да го пушти незадоволниот Португалец во својот поранешен клуб, се тврдеше дека Баерн имаат опција да го купат за 70 милони евра на крајот на сезоната. Салихамиџиќ потврди дека тие ќе ја исплаќаат само платата на Кансело поради оваа опција.

Шпекулациите во англиските медиуми тврдеа дека 28-годишниот Кансело влегол во конфликт со Гвардиола откако оваа сезона добивал помалку минути и дека влијанието на Гвардиола во Баерн било клучно за брзо завршување на зделката.

Scroll to Top