Top Sport

Пеп во 2016 и 2022 целосно им веруваше на луѓето во Сити

Пеп Гвардиола во 2016 година им ветил на фудбалерите на Манчестер сити дека ќе остане на „Етихад“ дури и клубот да биде казнет со исфрлање во четвртата англиска лига (Лига 2) поради финансиските прекршоци, тврди „Сан“.

Сити по четиригодишна истрага на Премиерлигата се обвинети за над 100 прекршоци во период од последните девет сезони, и на „граѓаните“ им се закануваат низа сериозни казни – од одземање поени, преку исфрлање од лигата, до одземање на шест титули во Премиерлигата. Нивната вина ќе ја утврдува независна комисија.

Ова наликува на случајот кој Сити го имаше со УЕФА, која ги исфрли од европските натпреварувања две сезони во 2016 година, но оваа одлука беше укината од Судот за арбитража во спортот (ЦАС). Тогаш Пеп застанал зад газдите на клубот.

„Во која лига и да сме, јас ќе бидам тука. Дури и да не пратат во четврта лига, ќе бидам тука. Сега е време да сме заеднички“, им се обратил тогаш на своите играчи.

Но, во мај 2022 година, Гвардиола имаше поинаков став.

„Зошто го бранам клубот? Бидејќи сум тука и работам со овие луѓе. Кога тие се обвинети за нешто и ќе ми објаснат што се случува, јас им верувам. Им кажав: ‘Ако ме лажете, следниот ден нема да сум тука’. Ќе си одам и веќе нема да им бидам пријател. Им верувам бидејќи беа 100 отсто зад мене и ми веруваа“, изјави тогаш Каталонецот.

Scroll to Top