Top Sport

Баерн не згреши и се врати на првото место во Бундеслигата

Баерн Минхен на Томас Тухел ја прекина лошата низа на резултати со 2:0 победа над „фенерџијата“ Херта Берлин, за враќање на првото место на табелата, откако во петокот Борусија Дортмунд не успеа да го победи Бохум.

Баварците пристојно се „испотија“ против „старата дама“ од германската престолнина, стигнувајќи до победата во последните 20-тина минути. Серж Гнабри во 69. минута го отвори резултатот по асистенција на Џошуа Кимих, кој беше клучен и во вториот гол на Кингсли Коман во 79. минута.

На четири кола до крајот на сезоната, Баерн има 62 поени, еден повеќе од Борусија, додека Херта останува заглавена на последното место со 22 поени, шест од безбедната зона.

Scroll to Top