Top Sport

Баерн неколку недели без Гнабри

Баерн, вчера, ја освои титулата на Светското клупско првенство и на неколку недели остана без Серж Гнабри.

Крилниот напаѓач, дуелот против Тигрес, го заврши во 64.минута. Самиот побара замена, поради болките во мускулот.

Прегледите покажале дека тој ги скинал мускулните влакна. Баерн не објави колкава пауза го очекува Гнабри, додека медиумите тврдат дека тој ќе отсуствува неколку недели.

Гнабри е еден од најстандардните во тимот на Баерн оваа сезона. Досега протипутил само два натпревари, еден во октомври и еден во јануари.

Серж Гнабри сигурно ќе ги пропушти дуелите со Арминија и Ајнтрахт во Бундес лигата, а нема да игра и против Лацио, во првиот осмина-финален натпревар во Лигата на шампионите.

Scroll to Top