Top Sport

Баерн нема да го откупат договорт на Родригез

Тренерот на Баерн Минхен Ковач со нетрпение чекал да заврши сезоната за да го врати Хамес Родригез во реал Мадрид. „Марка“ и „Билд“ пишуваат дека Баерн нема да го откупат договорот на Колумбиецот.

На крајот од сезоната истекува две годишната позајмица на Родригез во Минхен. Клубовите имаат договор дека Баерн може да го откупи неговиот договор за 42 милиони евра, што според два влијателни медиуми нема да се случи.

Родригез кај Ковач нема дефиниран статус, беше стартер на почетокот, потоа беше резерва, во еден период воопшто не конкурираше за место во тимот. Откако се врати во стартната постава доживеа нов шок кога не играше во дербито со Борусија Дортмунд.

По дербито, на наредните два натпревари Колумбиецот доби само десет минути на теренот, што медиумите го толкуваат како јасен знак дека тој ќе биде вратен во Реал.

„Не сакаме да платиме 42 милиони евра за фудбалер што не во преден план“, рекол претседателот на Баварците, Ули Хенес.

Scroll to Top