Спортскиот директор на Баерн Минхен Хасан Салихамиџиќ рекол дека клубот во зимскиот преоден рок нема да се обиде да го реализира трансферот на Лирој Сане.
Германскиот репрезентативец и минатото лето се поврзуваше со Баерн, но до реализицијата на трансферот не дојде, а несреќниот Сане се повреди на првиот меч во новата сезоната. Од таа повреда тој се уште се рехабилитира.
Јасно е дека изјавата на Салихамиџиќ е поврзана и со повредата на Сане. Баерн сигурно нема да троши пари на играч кој се наоѓа во процесот на рехабилитација.
Сепак, спортскиот директор на Баерн ја оставил отворена можноста клубот да се обиде трансферот да го реализира во летниот преоден рок.