Top Sport

Јунајтед ќе се обидат да го задржат Јанг

Манчестер Јунајтед ќе се обидат да го задржат капитенот Ешли Јанг. Челниците на клубот од „Олд Трафорд“ решиле веднаш да реагираат откако во медиумите се појавија информации дека Јанг во летниот преоден рок како слободен играч ќе се пресели во Интер.

„Скај Спорт“ тврди дека „црвените ѓаволи“ му понудиле нов едно годишен договор на 34 годишниот лев бек.

Јанг е играч на Јунајтед од 2011 година, досега одиграл 261 натпревар, а со „црвените ѓаволи“ има освоено четири трофеи (по еден во Премиер лигата, ФА и Лига купот, односно Лига Европа).

Scroll to Top