Top Sport

Баерн неочекувано тргнуваат по ѕвездата на Астон вила, Оли Воткинс

Томас Тухел, според најавеното, очекува засилувања за Баерн Минхен од Премиерлигата, со неочекувана прва цел во напаѓачот на Астон вила, Оли Воткинс, тврди „Сан“. Техничкиот директор на Баерн, Марко Непе во саботата бил присутен на „Вила парк“ да го гледа 27-годишниот Англичанец, за кого Вила би барала повеќе од 50 милиони фунти.

Баварците се мачат со постојаност во нападот цела сезона, откако Садио Мане не ги исполни очекувањата да го пополни испразнетото место по заминувањето на Роберт Левандовски во Барселона. Една од главните желби е Виктор Осимен од Наполи, но италијанскиот клуб ќе бара над 100 милиони евра за негов трансфер, а во игра се и повеќе богати премеиерлигаши.

Воткинс се пресели во Вила од Брентфорд во 2020 и има уште две години од договорот со клубот од Бирмингем.

Scroll to Top