Top Sport

Андреева го нарече Мареј „прекрасен“, тој препорача да оди на очен лекар

Новата руска тениска тинејџерска сензација, Мира Андреева продолжи со неверојатниот настап на Мастерсот во Мадрид, пласирајќи се во осминафиналето, каде што ќе игра со Арина Сабаленка, но најмногу внимание на социјалните мрежи предизвика нејзиниот коментар за убавината на шкотскиот поранешен светски број 1, Енди Мареј.

Андреева, која во саботата го прослави својот 16-ти роденден со победа над Магда Линет, беше запрашана за нејзиното искуство во Шпанија, каде што таа го спомена Мареј.

„Атмосферата тука е посебна. Не ми се верува дека сум тука и дека ручам со сите овие ѕвезди. Го гледате Енди Мареј и неговото лице, тој е толку прекрасен во вистинскиот живот. Толку е невереојатен“, изјави Андреева.

Мареј го забележа тоа и на социјалните мрежи одговори.

„Замислете колку ќе биде добра кога ќе оди на очен лекар да ги среди очите“, напиша Мареј.

Scroll to Top