Top Sport

Баерн „падна“ кај баварскиот ривал Аугзбург

Аугзбург успеа да излезе од зоната за испаѓање во Бундеслигата на најдобар можен начин, победувајќи го својот баварски ривал, Баерн Минхен со 2:1 во првиот меч од 12. коло во Бундеслигата, во едно од најголемите изненадувања за неприкосновениот шампион.

Шокот го најави Данецот Мадс Педерсен во 23. минута со убав гол по лошата реакција на одбраната на Баварците, за Андре Хан само 13 минути подоцна со глава уште еднаш да го совлада Мануел Ноер за делириум на „ВВК арената“.

Баерн успеа да одговори делумно, откако Роберт Левандовски во 38. минута намали на 2:1, но тимот на Јулијан Нагелсман и покрај теренската доминација не успеа да дојде ниту до поен. Пред ова коло, Аугзбург беше на 16. место во Бундеслигата, и сега скокнува едно место погоре со 12 поени, додека Баерн останува лидер со 28 поени, четири повеќе од Борусија Дортмунд.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top