Четири натпревари од Бундеслигата ја отворија саботната програма, а најголемото изненадување го направи Аугсбург кој на домашен терен го победи актуелниот шампион Баерн со 1:0.
Баерн четири натпревари во Бундеслигата не знае за победа, три пати Баварците ремизираа, а во седмото коло доживеаја неочекуван пораз од Аугсбург. Победникот го реши голот на Мергим Бериша во 59. минута од натпреварот.
Во преостанатите натпревари Јусуф Мукоко и донесе победа на Борусија Дортмунд во дербито на колото против Шалке.
Ајнтрахт победи во Штутгарт со резултат 3:1. Блескаше Јапонецот Даичи Камада со гол и асистенција.
Без победник заврши натпреварот Баер-Вердер. Керем Демирбај донесе предност за домашниот тим во 57. минута, а израмни Милош Вељковиќ во 82. по лошата реакција на голманот на „апетикарите“ Лукаш Храдецки.