Top Sport

Баерн планира да се вклучи во трката за потписот на Мбапе

Германските медиуми пренесуваат дека Баерн е подготвен да ја разгледа можноста следното лето да го доведе Килијан Мбапе. Францускиот напаѓач тогаш ќе биде слободен играч.

„Спорт1“, објави дека германскиот шампион е заинтересиран за напаѓачот на Пари Сен Жермен.

Според овој извор, Баерн е свесен дека трансферот би бил голем потфат поради високата плата на 24-годишниот Французин, но клубот не ја исклучува можноста да влезе во борбата за потпис на еден од најдобрите фудбалери на денешницата.

Претходно тренерот на Баерн Томас Тухел се пошегува дека ќе го донесе Мбапе во Минхен на велосипед доколку напаѓачот на Пари Сен Жермен се согласи на трансфер.

Навивачите на Баерн веќе замислуваат каков напад би имал Баерн доколку Хари Кејн и Килијан Мбапе играат заедно.

Сезонава Кејн за Баерн одигра 16 натпревари во сите натпреварувања на кои постигна 21 гол и забележа седум асистенции. Во истиот период Мбапе одигра 15 натпревари за ПСЖ во сите натпреварувања и постигна исто толку голови.

Scroll to Top