Баерн Михнен се зацврсти на водечката позиција во Бундеслигата. Баварците славеа во Фрајбург и со натпревар повеќе имаа плус од девет бода во однос на Борусија Дортмунд. Попладневните натпревари во Бундеслигата ги обележа Јапонецот, Такума Асано, стрелецот на двата гола во победата на Бохум кај Хофенхајм.
Баерн победи во Фрајбург со 4:1, но резултатот не ја отсликува вистинската слика на теренот. Баварците во последните 17 минути ја обезбедија победата.
Горецка го постигна првиот гол во 58.минута, но само пет минути подоцна израмни Петерсен. Гнабри во 73.минута му донесе нова преднотс на Баерн. Победата на Баерн ја потврдија Коман во 82. и Сабицер во 96.минута.
Бохум бега од опасната зона. Преводен од Асано овој тим победи кај Хофенхајм 2:1. Поранешниот играч ан Партизан постигна два прекрасни гола во 28. и 59.минута.
Резултати:
Баер Леверкузен-Херта 2:1
Арминија-Штутгарт 1:1
Ајнтрахт-Гројтер Фирт 0:0