Top Sport

Баерн почнале преговори со Вилфрид Заха

Агентот на Вилфрид Заха, Пини Захави веќе ги почнал преговорите со Баерн Минхен за можен трансфер од Кристал палас и покрај тоа што Челси се сметаа за најсигурен кандидат за потписот на репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска.

Одлуката на Заха да почне соработка со еден од најпознатите агенти Захави беше знак дека тој планира трансфер, а интересно тој го претставува и Роберт Левандовски од Баерн. Според „Скај спорт“, Захави смета дека Баерн Минхен е најдобрата опција за 27-годишниот поранешен фудбалер на Манчестер јунајтед, откако во текот на летото Евертон и Арсенал не успеаја да ги убедат Палас да го продадат за помалку од 80 милиони фунти.

Scroll to Top