Top Sport

Фабрегас за малку ќе завршел во Манчестер јунајтед

Поранешниот фудбалер на Барселона и Челси, открива дека за малку ќе завршел во Манчестер јунајтед, откако поранешниот менаџер на „ѓаволите“, Дејвид Мојс му се јавил на телефон.

Фабрегас беше фудбалер на Барса во 2013 година, каде што помина три години пред да се врати во Челси. Мојс сакал да го гради тимот околу Фабрегас, но на крајот Шпанецот решил да остане на „Ноу Камп“ уште една сезона и покрај понудата од 25 милиони фунти.

„Не би кажал дека бев многу блиску, но разговарав со Дејвид Мојс неколку пати“, признава Фабрегас.

Тој замина од Челси во јануари 2019 потпишувајќи тригодишен договор со Монако. Тој освои две титули со Челси, од кои втората под Антонио Конте и вели дека тоа е едно од неговите најголеми достигнувања.

„Конте беше дефинитивно најтешкиот тренер. Тоа што успеав да му го сменам мислењето за мојата игра е една од најзадоволувачките работи кои сум ги направил во кариерата. Морав да бидам тивок и да се потам многу“, објаснува Фабрегас.

Scroll to Top