Top Sport

Баерн подготвени за најскапиот трансфер во историјата на клубот

Баерн Минхен вчера успеале да ги договорат личните услови со Матијс де Лихт, и сега се подготвени за официјална понуда за холандскиот дефанзивец на Јувентус во зделка која може да биде нивниот најскап трансфер во историјата.

Иако Баварците честопати се фалат со својата очекувана германска „ефикасност“ и во минатото реагираа остро на сите трансфери од над 100 милиони евра, според „Ла Газета дело спорт“, сега се подготвени да платат вкупно 90 милиони евра за Холанѓанецот – 75 милиони евра фиксно и уште 15 милиони евра во различни бонуси.

Де Лихт неодамна одби да го продолжи договорот со Јувентус, барајќи трансфер, а за неговите услуги беа заинтересирани и Челси и Манчестер јунајтед.

Scroll to Top