Top Sport

Манчестер јунајтед добија спектакуларен пречек во Тајланд

Иако последните неколку сезони, резултатите на Манчестер јунајтед се далеку под очекувањата, „ѓаволите“ остануваат еден од најподдржуваните клубови на светот, што можеше да се забележи и при пристигнувањето во Бангкок, Тајланд, каде што во вторник ќе го играат првиот подготвителен меч против лутите ривали, Ливерпул.

Во тимот кој отпатува на турнејата го нема Кристијано Роналдо, чија иднина во клубот изгледа се понесигурна, но тоа не пречеше на стотина тајландски навивачи да ги пречекаат на аеродромот своите миленици.

Scroll to Top