Top Sport

Баерн подготвиле 50 милиони евра за Заниоло

Баерн Минхен, според германскиот „Билд“, влегуваат во трката за младиот фудбалер на Рома, Николо Заниоло, импресионирани од неговите игри оваа сезона и се подготвени да дадат 50 милиони евра на „волчицата“.

19-годишниот Заниоло, за кого се заинтересирани и Јувентус и Реал Мадрид, оваа година имаше блескава сезона за Рома, а доби повик и во италијанската репрезентација и совршено одговара на плановите на Баерн за подмладување и засилување на тимот. Заниоло дојде во Рома од Интер за 4.5 милиони евра како дел од трансферот кој го прати Раџа Наинголан во Милано, и одигра 32 меча за Рома, постигнувајќи 6 гола и 2 асистенции.

Се верува дека конечната одлука ќе зависи од тоа дали Рома, по сите потреси оваа сезона, ќе успее да се пласира во Лигата на шампионите.

Scroll to Top