Top Sport

Баерн подготвиле нов договор за Милер

Челниците на Баерн Минхен имаат намера да го задржат во тимот ветеранот, Томас Милер.

Милен е еден од тројцата сенатори, покрај Мануел Ноер и Роберт Левендовски, чии договори истекуваа во јуни 2023 година.

Првиот човек на Баерн, Оливер Кан, потврдил дека клубот подготвува нов договор за Милер.

„Во преговори сме со Томас Милер. Разговорите се позитивни. Убеден сум дека Милер му припаѓа на Баерн и дека кариерата ќе ја заврши во дресот на Баерн“, рекол Кан.

Милер од почетокот на кариерата е во Баерн. За овој клуб одиграл 622 натпревари, постигнал 226 голови.

Scroll to Top