Францускиот фудбалер Рандал Коло Муани ќе биде првото засилување на Баерн Минхен за следната сезона.
Оливер Кан и Хасан Салихамиџиќ во основа се договорија за се околу доаѓањето на младиот фудбалер на Ајнтрахт, кој претходно ја одбил понудата на Манчестер Јунајтед.
Баерн за овој трансфер треба да одвои фиксни 80 милиони евра, додека за бонуси ќе има уште 20 милиони доколку се активираат неколку клаузули. Доколку трансферот биде реализиран Баерн ќе го собори и клупскиот и бундеслигашкиот.
Досега тој рекорд го држеше Лукас Ернандез кога Баерн плати 80 милиони евра за неговото доаѓање од Атлетико Мадрид.
Доколку се реализира овој трансфер и Коло Муани биде првото засилување на тимот од Минхен, речиси сигурно е дека тоа значи дека Садио Мане ќе ја напушти Германија.
Сенегалецот би можел да се врати во Премиер лигата, во Челси или Манчестер Јунајтед.