Top Sport

Баерн подготвува реконструкција, петмина ќе бидат ставени на трансфер листата

Баерн Минхен се подготвува за реконструкција. Тоа нема да се случи во зимскиот туку во летниот преоден рок. „Билд“, тврди дека петмина фудбалери ќе бидат ставени на трансфер листата, додека идноната на сенаторите, Мануел Ноер и Томас Милер, кои се лидери во соблекувалната е незивесна.

Баерн, пред две недели го договори првото засилување за наредната сезона. Договоро со клубот потпиша фудбалерот на Гранада, Брајан Сарагоса. Доаѓањето на Сарагоса значи дека Серж Гнабри ќе го напушти клубот.

Челниците на Баерн ќе се обидат да му ги исполнат желбите на тренерот Томас Тухел. Тој не е задоволен од она што го покажуваа Матијас Де Лихт, Џошува Кимих и Леон Горецка.

Тухел ги соопштил своите желби, а спортскиот сектор ќе се обиде да ги реализира. На местата на Кимих и Горецка, тренерот ги сака Мартин Зубименди од Реал Сосиедад и Жоао Палиња од Фулам. Откупната клаузула на Зубимебди изнесува 60.000.000 евра, а за слична сума, во летниот преоден рок Баерн го договори Палиња, но неговиот трансфер пропадна во последните часови, бидејќи Фулам не најде замена за својот најдобар играч.

Тухал ја означи и замената за Де Лихт, кој по доаѓањето од Јувентус има проблеми со повредите и не ги оправда очекувањата. Тухел во тимот сака да го има Роналд Араухо од Барселона, но овој трансфер тешко деа ќе се реализира.

Блиску до заминување од клубот е и левиот бек Алфонсо Дејвис. Тој има договор до 2025 година, Баерн му понуди нов, но фудбалерот го одби. Дејвис не е задоволен од платата. Во новиот договор Баерн ми нуди нето плата од 10.000.000 евра, Канѓанецот бара повеќе. Извесно е дека тој ќе се пресели во Реал Мадрид. „Кралскиот клуб“ долго време не крие дека сака да го има Дејвис во своите редови.

Scroll to Top