Top Sport

Баерн потврдија дека го сакаат Гравенберх од Ајакс

Спортскиот директор на Баерн Минхен, Хасан Салихамиџиќ потврди дека германскиот клуб кој вчера ја запечати 10-тата бундеслигашка титула во низа, се заинтересирани за трансфер на ѕвездата на Ајакс, Рајан Гравенберх.

Гравенберх во 2018 година стана најмладиот фудбалер во холандската Ередивизие, кога дебитираше за Ајакс како 16-гоишник, и оттогаш стана клучен член на тимот на Ерик Тен Хаг, привлекувајќи интерес кај повеќе европски клубови.

Баерн веќе дале понуда од 25 милиони евра пред летниот преоден рок, но Ајакс сакаат барем уште 10 милиони евра повеќе.

„Тој е добар фудбалер, и уште преговараме. Со вакви трансфери, многу работи треба да дојдат на своето место. Сите трансфери се тешки“, вели Салихамиџиќ.

Scroll to Top