Борусија Дортмунд нема да го брани ДФБ покалот откако во куп-дербито загуби од Баерн Минхен со 2:1 во осминафиналето на „Алијанц арената“.
Третиот „Класикер“ во германската сезона ги оствари очекувањата со добра игра на двата тима, иако Баварците беа посилни и преку головите на Џером Боатенг и Томас Милер донесоа победа за домаќините.
Зиле ја погоди пречката, по што Боатенг најбрзо реаиграше да го совлада голманот Роман Бирки за водство. Баерн доминираше во првото полувреме, со низа напади, иако Андриј Јармоленко имаше одлична шанса при крајот на полувремето. Милер го комплетираше доброто прво полувреме со својот втор гол во неколку дена за Баварците. Борусија успеа да намали на 2:1 на 15 минути пред крајот, кога Јармоленко го совлада Свен Улрајх, но на крајот беа елиминирани.