Фудбалерите на Баерн го совладаа Келн (1:0) како гости на отворањето на 12. коло во Бундес лигата.
Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Хари Кејн во 20. минута од натпреварот. Капитенот на Англија е во извонредна форма, во Бундес лигата го постигна 18. гол од почетокот на сезоната.
Баерн можеше набрзо да ја зголеми предноста преку Мотинг, а особено Сане, а добра шанса на крајот од полувремето имаше и Коман.
Сане имаше и еден обид во вториот дел, а Коман на крајот ја погоди гредата.
Баерн е прв на табелата со 32 бода, еден повеќе од Леверкузен кој во сабота гостува кај Вердер.
Келн е последен на табелата со само шест освоени бода.