Фудбалерите на Баерн Минхен го декласираа Мајнц 6-1 во третото коло, во Бундес лигата. Попладнево, покрај Баерн, победија Келн и Шалке, а без победник завршија дуелите Волфсбург-Падерборн и Баер Леверкузен-Хофенхајм.
Баерн исто како и во минатото коло против Шалке одиграа брилијантен меч и откако Мајнц постигнаа гол против Ботиус во шестата минута, испорачаа шест гола во мрежата на гостите.
Најпрвин Баерн до крајот на првиот дел направија со спектакуларни голови пресврт направија Павар и Алаба. Во вториот дел серијата ја отвори Перишиќ со својот прв гол во дресот на Баерн, а серијата ја затворија Коман, Левандовски и Дејвис.
Резултати:
Леверкузен-Хофенхајм 0:0
Фрајбург-Келн 1:2
Шалке-Херта 3:0
Волфсбург-Падерброн 1:1
вчера: Борусија Менхенгладбах-Лајпциг 1:3