Нико Ковач подготвува вистинска чистка во Баерн, со цел да собере пари за евентуалниот трансфер на Герет Бејл, објави „Билд“.
Истиот извор тврди дека новиот тренер на Баерн им кажал на четворица играчи дека во претстојниот преоден рок ќе бидат ставени на трансфер листата.
Станува збор за Артуро Видал, Џером Боатенг, Тијаго Алкантара и Хуан Бернат. Од нивната продажба Ковач ќе се обиде да собере пари за евентуалниот трансфер на Герет Бејл.
Според проценките Видал на трансфер пазарот вреди 35 милиони евра, Боатенг 45, Алкантара 60, а Бернат 12 милиони евра.