Вечерва со натпреварите кои ќе се одиграат во групите А, Б, Ц и Д ќе биде комплетирано првото коло во Лигата на шампионите. Во терминот од 18.55 часот ќе се одиграат натпреварите Реал Мадрид-Шахтјор и Салцбург-Локомотив Москва.
Актуелниот шампион Баерн одбраата на титулата. која пред 58 дена ја освои во Лисабон, ќе ја започне на домашен терен против Атлетико Мадрид. Серж Гнабри нема да настапи за Баерн, тој е позитивен на коронавирусот. Атлетико ќе биде без Саул и Диего Коста кој се повреди во саботата.
Последен пат, во Лигата на шампионите, овие два тима играа во 2016 година. Тогаш во полу-финалето Атлетико успеа да го елиминира Баерн.
Распоред на натпреварите:
Група А:
Салцбург-Локомотив Москва 18.55
Баерн Минхен-Атлетико Мадрид 21.00
Група Б:
Реал Мадрид-Шахтјор 18.55
Интер-Борусија Менхенгладбах
Група Ц:
Манчестер сити-Порто 21.00
Олимпијакос-Олимпик Марсеј 21.00
Група Д:
Ајакс-Ливерпул 21.00
Митјиланд-Аталанта 21.00