Top Sport

Тинејџерот Белингем се криеше дека преговара со Јунајтед

Манчестер јунајтед се блиску до договор со 16-годишниот Џуд Белингем од Бирмингем сити откако новинарите на „Дејли мејл“ го „начекаа“ како се крие во автомобилот на неговите родители при пристигнувањето во тренинг-центарот во Керингтон.

Според „Дејли мејл“, тинејџерот беше забележан покрај неговиот татко Марк на состанок со потпретседателот на клубот, Ед Вудворд, заедно со шефот за развој на клубот, Мет Џаџ, а од Јунајтед одбија да коментираат.

Фудбалерот од средниот ред ја игра првата професионална сезона, но импресионираше во 35-те меча за Бирмингем, постигнувајќи четири гола. Арсенал и Борусија Дортмунд исто така се заинтересирани за според многумина големиот англиски талент. Се верува дека Јунајтед се подготвени да дадат астрономски 35 милиони фунти за талентот.

„Милионерите“ ќе рушат рекорд, 35 милиони евра за 16-годишен фудбалер

Scroll to Top