Top Sport

Баерн сака размена на ѕвездите: Душан Влаховиќ во Минхен, Садио Мане во Јувентус

Германскиот првак Баерн Минхен размислува за размена на ѕвезди со Јувентус. Томас Тухел е воодушевен од напаѓачот на Јувентус, Душан Влаховиќ, кој не се истакна во клубот од Торино.

Постои идеја според која Садио Мане би заминал во Јувентус, а Влаховиќ би пристигнал во Баерн. Засега преговорите не се започнати, но Јувентус и Баерн се во одлични односи, тврди „Скај Германија“.

Сенегалецот Садио Мане има договор со Баерн до летото 2025 година. Оваа сезона офанзивецот настапи на 38 натпревари и постигна 12 гола и шест асистенции. Сезоната на Мане во Баерн секако ја одбележа конфликтот со Лирој Сане, кому му удри шлаканица, поради што беше и суспендиран.

Српскиот напаѓач Душан Влаховиќ има 14 гола и четири асистенции во 42 настапи за Јувентус оваа сезона.

Scroll to Top