Во првиот домашен меч по потврдувањето на германската титула, Баерн Минхен одиграа само 2:2 со Штутгарт, со што во двата меча по бунеслигашката круна, тимот на Јулијан Нагелсман нема победа.
Тијаго Томаш во осмата минута ги шокираше домашните фанови за водство на Штутгарт, кои се наоѓаат во грчевита борба за опстанок, но Баерн успеа да израмни во 35. минута со автоголот на Костас Мавропанос, пред Томас Милер во 45. минута да најави пресврт за 1:2. Меѓутоа, Штутгарт успеа да освои поен со голот на австрискиот репрезентативец Саша Калајџиќ во 52. минута од мечот.
Standings provided by SofaScore LiveScore