Баерн Минхен ги прифатил условите што ги побарал Лирој Сане. Крилниот напаѓач не крие дека сака да го напушти Манчестер сити, зад себе има сезона која сака што побрзо да ја заборави. Тешко се повреди на почетокот на август, кога Сити го играа првиот меч во сезоната. Според гермнанските медиуми тој со Баерн договорил пет годишна соработка.
Иако Баерн и Сане постигнаа договор, не значи дека трансферот ќе биде реализиран. Клубовите ќе мора да се договорат околу обесштетувањето.
Баерн преговорите ги отвориле со понуда од 40 милиони евра. Германските медиуми шпекулираат дека ќе треба да понудат уште 10 милиони. Таква понуда „граѓаните“ во услови на финансика криза со задоволство би прифатиле.
Кога Баерн ќе го завршат трансферот на Сане, нивна следна цел ќе биде 20 годишникот од Леверкузен, Каи Хверц.