Серж Гнабри беше „спасителот“ на Баерн Минхен и Јулијан Нагелсман, откако постигна два гола за 3:2 победа над Келн, кои успеаја да се вратат од 0:2 и да им направат многу проблеми на германските шампиони.
За првиот гол на „Алијанц арената“ во недела попладне се чекаше до 50. минута, кога Роберт Левандовски го продолжи одличниот старт на сезоната, а само девет минути подоцна, Гнабри го зголеми водството на 2:0.
Кога изгледаше дека Баварците ќе се прошетаат до победата, следуваше шок – Антони Модесте во 60. минута намали на 2:1, пред Марко Ут само две минути подоцна да израмни на 2:2. За среќа, Гнабри, кој и претходно во кариерата даваше по повеќе голови на Келн, во 71. минута го одлучи победникот.
Standings provided by SofaScore LiveScore