Баерн Минхен се подготвени да ја плаќаат платата од 350.000 фунти на Герет Бејл ако Реал Мадрид се согласат да го позјамат велшкиот напаѓач, кој очигледно е непожелен во тимот на Зинедин Зидан, јавува британскиот „Сан“.
Тренерот Нико Ковач сака искуство во нападот по заминувањето на Арјен Робен и Франк Рибери од клубот, додека во исто време клубовите од Премиер лигата, во прв план Манчестер јунајтед и Тотенхем, не сакаат да „ризикуваат“ со Велшанецот, кој следниот месец полни 30 години.
Реал, откако потроши милиони на засилувања на стартот на летниот преоден рок, ќе мора да се ослободи од дел од фудбалерите, со Бејл како прв кандидат за заминување, откако покрај Зидан, и навивачите на Реал му свртеа грб на Велшанецот.