Top Sport

Буфон: Конте не е предавник!

Џиџи Буфон ги нападна навивачите на Јувентус кои го нарекуваа Антонио Конте предавник за неговата одлука да стане тренер на ривалите во Интер, и во исто време смета дека Маурицио Сари не е „револуција“ за Јуве, туку само нов предизвик.

Во долго интервју за „Кориере дела сера“, легендарниот 41-годишен голман ги анализираше промените на тренерите во Серија А.

„Навистина бев вознемирен што некои фанови на Јуве бараа ѕвездата на Конте на стадионот да биде отстранета поради тоа што тој отиде во Интер. Јас сум дел од светот на Јуве, ги знам директорите, фудбалерите и фановите многу добро и знам што даде Антонио за клубот и што претставуваше за нас. Како фудбалер, тој никогаш не потклекна за доброто на тимот, а како тренер го носеше тимот на својот грб со јасна визија. Во три сезони неговиот фокус остана недопрен. Имам огромна почит за него и тој никогаш не го предаде Јувентус. Тој не е човек што го бакнува грбот, а потоа прави конфликти. Неговото враќање во Серија А е многу важно, исто како доаѓањето на Паоло Малдини, Звонимир Бобан и Маурицио Сари. Исто како Карло Анчелоти во Наполи лани“, објаснува Буфон.

Scroll to Top