Top Sport

Баерн се пофалија со потписот на Ким Мин-Џеј

Баерн Минхен го потврдија пристигнувањето на јужнокорејскиот централен бек Ким Мин-Џеј од Наполи, откако ја платија откупната клаузула од 50 милиони евра.

Ким, кој беше еден од најдобрите дефанзивци во Европа минатата сезона, освојувајќи ја титулата од Серија А со Наполи, беше на радарот на Манчестер јунајтед, но тие не се договорија за личните услови, пред тој да се реши за Баерн, кои во него гледаат замена за Французинот Лукас Ернандез, кој за слична сума премина во Пари Сен-Жермен.

26-годишниот Ким играше во Јужна Кореја до 2019 година, по што замина во кинескиот Беижинг Гуоан, за две години подоцна да пристигне во Фенербахче за само 3 милиони евра. Една сезона во Турција му осигура трансфер од 18 милиони евра во Наполи, и тој си заминува од Италија по само една сезона.

Scroll to Top