Top Sport

Баерн се распрашува за Варан

Рафаел Варан е незадоволен од статусот што го има во Манчестер јунајтед и веројатно ќе го напушти „Олд Трафорд“ во јануарскиот преоден рок.

Варан, светски првак со Франција во 2018 година, поради повредите и лошата форма не е во прв план кај менаџерот на тимот Ерик тен Хаг.

Холанѓанецот во последно време ги фаворизира Џони Еванс, Виктор Линделоф и Хари Мегваер.

Германските медиуми тврдат дека Баерн Минхен е сериозно заинтересиран за Варан.

Сепак, според овие извори на Баерн нема да му биде лесно да го реализира трансферот. Не поради оштетета што треба да ја платат, се проценува дека Јунајтед ќе бара помеѓу 20 и 30 милиони евра, туку поради годишната плата што ја има Варан, а таа изнесува 20 милиони евра.

Медиумите во Германија потенцираат дека Јунајтед не е заинтересиран за позајмица, туку само за продажба на фудбалерот.

Scroll to Top