Баерн Минхен имаат желба да го донесат Андреј Крмариќ кој во минатото коло со два гола придонесе за убедливиот пораз на Баварците во Хофенхајм (4:1).
Спортскиот директор на Баерн, Хасан Салихамиџиќ, веќе ги контактирал колегите од Хофенхајм околу можниот трансфер.
Крамариќ е хрватски репрезентативец, тој пет сезони го носи дресот на Хофенхајм, има одиграно 153 натпревари на кои постигнал 77 голови. Во кариерата настапувал з Динамо, Локомотива, Ријека и Лестер.
Баерн сметаат дек Крамариќ би бил идеална замена за првиот напаѓач Роберт Левандовски.
Хофенхајм за Крамариќ бараат 40.000.000 евра.