Фудбалскиот клуб Баерн Минхен го договори трансферот на Брајан Сарагоса од Гранада.
Фабрицио Романо потврди дека се е договорено и дека Шпанецот веќе го завршил првиот дел од лекарските прегледи.
Сарагоса ќе потпише договор до летото 2028 година, но ќе остане во Гранада до крајот на сезоната за да и помогне во борбата за опстанок во Примера.
Баерн за трансферот на 22-годишниот шпански крилен напаѓач ќе плати само 15 милиони евра.
Да потсетиме, тој експлодираше оваа сезона, а најдобриот меч го одигра против Барселона во ремито 2:2, кога ги постигна двата гола за Гранада.
После тоа доби и деби покана за шпанската репрезентација.
Сарагоса оваа сезона постигна пет гола и забележа две асистенции.