Top Sport

Баерн шест недели без Милер

Јуп Хајнкес се врати од пензија за да го заземе местото на Карло Анчелоти на тренерската позиција во Баерн Минхен и за кратко време успеа да ја врати позитивната атмосфера во тимот.

Баварците на трите средби под водство на Хајнкес забележаа исто толку победи со гол разлика 9:0. Баерн на Фрајбург му даде пет, на Селтик три, а на Хамбургер еден гол.

Добрата атмосфера ја наруши повредата на Томас Милер, кој кај Анчелоти не играше многу, а кај Хајнкес се врати во стратниот тим.

Милер се повреди во 55 минута на дуелот во Хамбург и според информациите поради повредата на бутниот мускул нема да биде во тимот во наредните шест недели.

Искусниот напаѓач на терените би требало да се врати кон средниата на декември, што значи дека ќе ги пропушти дуелите со Лајпциг во првенството и Купот, односно натпреваирте со Селтик, Борусија Дортмунд, Аугсбург, Андерлехт и Борусија Менхенгладбах.

Милер оваа сезона има одиграно 14 натпревари, со учинок од два гола и три асистенции.

Scroll to Top