Top Sport

И девојката контра Линделоф

Манчестер јунајтед и нивниот дефанзивец Виктор Линделоф немаа најдобра недела. По поразот од 2:1 од Хадерсфилд, токму Швеѓанецот беше посочен како главен виновник за слабите интервенции.

Линделоф, кој дојде во Јунајтед од Бенфика, влезе како замена за повредениот Фил Џонс, за да направи две грешки и да дозволи аутсајдерите Хадерсфилд да стигнат до славна победа. Веднаш по ова, фановите на Јунајтед го нарекоа „Виктор Линдефлоп“.

Линделоф вреди 35 милиони евра? Навистина?

Дел од коментарите на социјалните мрежи беа брутални, но и насочени кон девојката на Линделоф, Маја Нилсон. Таа одговори храбро на коментарите, но најде и потреба да го искритикува своето момче. На социјалните мрежи таа посочи дека тој не може да избере ниту вистински душек за спиење.

„Меѓу обврските на Виктор беше да најде нови душеци за спалната. Денеска пристигна ова“, напиша Нилсон.

Кутриот Линделоф.

Scroll to Top